Пијан ММА борец нокаутиран на свадба, потоа крвнички му се одмазди на нокаутерот (Видео)

Професионалниот Ултимејт фајт борец, Гаџимурад Антигулов се изрезили со голем инцидент на свадба во Дагестан, а може и кривично да одговара за нанесување телесни повреди.

Познатиот ММА борец во видно алкохолизирана состојба правел проблеми, а на видеоснимката од инцидентот се забележува како фрла со тврд предмет кон една жена во негова близина, по што непознато момче го изгуби трпението и го нокаутира.

https://www.youtube.com/watch?v=Osx940OqQOc&feature=emb_logo

Во општиот хаос инцидентот продолжил надвор од салата и според очевидци Антигулов и негови пријатели го претепале нокаутерот, кој завршил во болница со повреди на главата и на лицето.

- Оглас -

Најнови вести