Бразилец посака да игра за Шпанија: Оваа земја ми даде сѐ

Централниот дефанзивец на Валенсија, Габриел Паулиста се пофали дека успеал да добие шпански пасош и уште веднаш порача дека е подготвен да ги брани боите на оваа земја. Паулиста е Бразилец кој уште во 2013 година пристигна во Шпанија и две сезони играше за Вилјареал.

Од Вилјареал, Паулиста замина во Англија, каде две години го носеше дресот на Арсенал, за да во 2017 година повторно да се врати во Шпанија и тоа како играч на Валенсија. Веќе четврта сезона е речиси незаменлив во дефанзивниот ред на Лилјаците, а сега сака да се наметне и во шпанската репрезентација за настап на Европското првенство следната година.

„Само можам да се заблагодарам на оваа прекрасна земја и овие добри луѓе што направија да се чувствувам како да сум дома. Роден сум во Бразил, ја сакам таа земја, но Шпанија ми даде многу. Ми го даде тоа што најмногу го сакам на светот, мојот син. Затоа, ќе продолжам да работам напорно, да играм добро и уверен сум дека ќе го привлечам вниманието на селекторот. Ќе ми биде чест да го носам дресот на Шпанија“, рече Паулиста.

 

- Оглас -

Најнови вести