Дербито на Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Лајпциг во првото полувреме донесе дури четири гола, по два на двете страни. Гостите поведоа со гол на Нкунку по голема грешка на Нојер кој истрча многу напред, надвор од 16-никот и тоа се покажа како лоша одлука. Нојер кој е фаворит за наградата голман на годината, познат е по излетите, но после овој кикс веројатно поретко ќе го прави тоа.
За негова среќа, нападот на Баерн е доволно ефикасен, па грешката за 0-1 беше покриена.
https://www.youtube.com/watch?v=ujO64gUERB8