Роналдо сакаше да направи чудо во првата секунда, а имаше и посебен мотив за тоа (Видео)

Јувентус со пресврт во последните 15 минути стигна до победа од 2:1 во дуелот со градскиот ривал Торино, па Старата дама остана на шест бода зад лидерот Милан. Пред мечот во Торино, Кристијано Роналдо доби специјален дрес со бројот 750, кој го одбележува вкупниот број погодоци постигнати досега во неговата кариера.

Поттикнат од ова неверојатно достигнување, Роналдо сакаше на спектакуларен начин да стигне до 751-виот погодок, да даде гол од центар на самиот почеток од мечот. Судијата Даниеле Орсато означи почеток на мечот, а Роналдо веднаш шутираше од својата половина, во обид да го изненади голманот на Торино.

Ударот на Роналдо беше непрецизен, а неговата желба да го даде најбрзиот погодок во кариерата остана неуспешен.

- Оглас -

Најнови вести