Делиите со факли се простија од големиот ѕвездаш Џеј Рамадановски (Видео)

Фолк пејачот Џеј Рамадановски, кој почина вчера на 57-годишна возраст, беше голем фан на Црвена ѕвезда, па затоа денеска во населбата Дорќол во Белград, каде што живееше Џеј, навивачите на Црвено-белите со палење факли и едноминутно молчење се простија од него.

Срцето на Џеј престана да чука вчера, а тоа долги години чукаше за Ѕвезда. Џеј никогаш не криеше дека е ѕвездаш, во едно интервју изјави дека како мал бегал од домот за деца без родители за да ја гледа неговата омилена Ѕвезда. Рамадановски пееше на свадбата на легендата Синиша Михајловиќ (актуелен тренер на Болоња и човек кој играше за Ѕвезда во 1991 кога станаа европски прваци, кога кум беше Дејан Станковиќ (актуелен тренер на Црвена ѕвезда и некогашен играч на овој клуб).

Еве како изгледаше палењето пиротехнички средства во чест на Џеј.

- Оглас -

Најнови вести