Најкорисниот играч во НБА, за роденден од соиграчите доби пенкала!

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо, вчера наполни 26 години, а неговиот соиграч Крис Мидлтон, смисли шеговит подарок за Грчкото чудовиште кој две сезони по ред е најкорисен поединец во НБА лигата. Како подарок за најдобриот играч на Милвоки бакс имало сет со пенкала.

„Му пеевме ‘Среќен роденден‘. Сите во тимот мислевме дека пенкалото е најдобар роденденски подарок за него. Му реков дека тоа е еден од најдобрите подароци кои ги добил, и дека се надеваме оти ќе го искористи“ – рече Мидлтон.

Поентата со пенкалото е Јанис до 21 декември да потпише нов петгодишен договор со Елените. Сите во клубот се надеваат дека првата ѕвезда на тимот ќе остане во Милвоки и ќе добие најбогат можен договор. Ако не потпише до 21 декември, Адетокумбо следното лето станува слободен играч, но и тогаш ќе може да потпише максимален петгодишен договор со Милвоки.

- Оглас -

Најнови вести