Јувентус ја покажа целата своја сила и со убедливи 3:0 славеше против Барселона на „Камп ноу“, во меч од последното коло од групната фаза. Со оваа победа, Старата дама успеа дури и да го прескокне каталонскиот гигант на табелата, па италијанскиот првак заврши како прв, а Барселона е втора.
Кристијано Роналдо покажа дека е инспириран кога игра на овој стадион и во 13-тата минута изнуди пенал, кој подоцна самиот го реализираше. Веќе во 20-тата минута Јувентус водеше со 2:0 благодарение на погодокот на Мекини. Двата погодоци од првото полувреме на Јувентус може да ги погледнете ТУКА.
Ова беше првпат во историјата на ЛШ еден тим да има водство од 2:0 против Барселона на „Камп ноу“.
2 – Barcelona have conceded two goals in the first 20 minutes of a Champions League home game for the first time ever. Shock. pic.twitter.com/ojyyDDIvYW
— OptaJose (@OptaJose) December 8, 2020
За да стигне до првото место во групата, на Јувентус му требаше и трет гол, кој повторно го постигна Роналдо од пенал, овојпат во 52-рата минута. Португалецот е првиот играч кој на „Камп ноу“ против Барселона дал два гола од пенал во ЛШ.
Барселона и овојпат потврди дека е во криза. Каталонскиот гигант е на деветтото место на табелата во Примера дивисион, а сега покажа колку е немоќен и во ЛШ.