За гигантите, Македонија не е посакуван ривал од петтиот шешир

Франција, Германија, Србија, Грција и Македонија. Според мислењето на некои западни фудбалски експерти и аналитичари, вака отприлика би изгледала групата на смртта во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

По завршувањето на Лигата на нациите, познато е која селекција во кој шешир ќе се најде, а новина е што Германија за првпат во историјата не е меѓу главните носители. Македонија е во петтиот, но интересно е што за многумина „црвено-жолтите“ нема да бидат посакуван противник за фаворитите кои сакаат на полесен пат да стигнат до ЕП.

Секако, ваква група ниту на Игор Ангеловски не му одговара доколку се има амбиција да се обидеме да обезбедиме ЕП преку квалификациите од март до ноември следната година, а не да се надеваме само на успех во плејофот од Лигата на нациите во истата година со самото ЕП.

Македонија се врзува и за потенцијално најизедначена група во која повеќе тимови би се бореле за првите две позиции кои водат на ЕП. Таа би изгледала вака: Полска, Турција, Данска, Романија, Македонија.

- Оглас -

Најнови вести