Гласајте за мене, сите ќе ги честам пица, а Меси ќе потпише нов договор

Жорди Фаре денеска ја престави кандидатурата за нов претседател на Барселона. Од досегашните кандидати, Фаре даде најнеобични ветувања за сите оние коишто ќе гласаат за него на изборите. Тој ветува дека ќе ги финансира сите оние навивачи кои ќе сакаат да тетовираат обележја на каталонскиот гигант, а ако победи, сите ќе ги почести пица.

Освен овие необични ветувања, Фаре најави дека со него на чело, Лионел Меси ќе остане на „Камп ноу“ и во следната сезона.

„Ако победам на изборите, Лионел Меси ќе го обнови договорот“, порача Фаре.

Актуелниот договор на Меси со Барселона истекува на крајот од сезонава, а Аргентинецот сакаше да си замине од клубот уште пред почетокот на оваа сезона, која засега е разочарувачка за каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести