Реткост е, ама може и вака – Аталанта еднаш шутна на гол и се пласира во нокаут-фазата во ЛШ

Аталанта дојде до посакуваната победа против Ајакс на арената „Јохан Кројф“ и ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Мечот што директно одлучуваше која екипа ќе патува во нокаут-фазата заедно со Ливерпул, го реши Луис Мјуриел со погодок во 85-тата минута, а тоа беше и единствениот удар во рамките на голот на гостинскиот тим.

На Аталанта ѝ одговараше и реми и успеваше до финишот на мечот да се одбрани, а потоа со голот на Мјуриел и да победи.

Клучниот момент се чини се случи во 79-тата минута, кога Гравенберх беше исклучен, па Ајакс продолжи со десетмина играчи и беше казнет со единствениот директен удар кон нивниот гол во 85-тата минута.

Во вториот меч од оваа група Ливерпул ремизираше 1:1 со Митјиланд  на гостински терен  и со 13 бода го освои првото место во групата Д.

Мохамед Салах постигна гол во 56-тата секунда и стана рекордер на Ливерпул со 22 гола во мечеви во Лигата на шампионите. Израмни Шолц од пенал, а и двата тима имаа по еден поништен погодок, па мечот заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести