Во тек се 12 натпревари од последното коло на групната фаза во Лигата на Европа, а во центарот на вниманието по првото полувреме се издвоија два моменти. Полјакот Пјотр Зјелински му донесе водство на Наполи од 1-0 против Реал Сосиедад и тоа е прв гол на стадионот во Неапол откако му беше сменето името од „Сан Паоло“ во градски стадион „Диего Армандо Марадона“.
Малку фалеше во водство да дојдат гостите од Шпанија, но нивното крило Порту се посрамоти во 19-тата минута и не искористи една 100-процентна шанса. Ако останат резултатите како по првото полувреме, Сосиедад ќе испадне од ЛЕ. Погледнете што утна Порту:
https://www.youtube.com/watch?v=HX1pG-OL9_Q
Најубавиот гол во првите 45 минути го даде Мохамед Елнени од лондонскиот Арсенал на гостувањето кај ирскиот Дандалк: