Наполи не успеа да победи на својот прв натпревар на домашен терен по прекрстувањето на стадионот во „Диего Армандо Марадона“, но и нерешените 1-1 против Реал Сосиедад беа доволни за Елиф Елмас и другарите да го освојат првото место во својата група во Лигата на Европа. Во драматична завршница, гостите од Шпанија се спасија од пораз во 92-рата минута со гол на Вилијан Жозе и тоа ги однесе во следната фаза.
Губитник е холандскиот АЗ Алкмар, кој до 90-тата минута беше патник во следната фаза, но во финишот прими гол и загуби од Риека со 1-2, па тоа и бодот на Баскијците во Неапол го исфрлија. Елмас влезе во игра во 74-тата минута.
Арсенал победи кај Дандалк со 4-2 и првото место во групата го освои со доминантни 18 бода и шест победи во шест меча.
Ова е убавиот голот на Зјелински, прв на стадионот во Неапол под новото име: