Гатузо има необичен проблем со окото (Фото)

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, по вечерашниот меч на неговиот тим против Реал Сосиедад, не се појави пред камерите и микрофоните, ниту на прес-конференцијата, а причина е проблемот кој го има со окото (окуларна мијастенија). Наместо Рино, на прес дојде неговиот помошник Џиџи Ричо и тој даваше изјава, а објасни и зошто неговиот шеф не е таму.

„Гатузо има проблем со окото, тоа е проблем со кој тој живее некое време. Понекогаш му се затвора окото како вечерва, но потоа за неколку часа му се враќа во нормала“, објасни помошникот Ричо.

За време на преносот на телевизија, можеше да се види дека десното око на Гатузо е речиси целосно затворено, но не беше така на целиот меч. Долго време Гатузо можеше да гледа и со десното око кое му беше нормално отворено, а потоа се случи проблемот.

- Оглас -

Најнови вести