Некогашниот бразилски и јужноамерикански шампион Васко де Гама има проблеми. Клубот кој беше еден од симболите на бразилскиот фудбал, во последните години нема резултати за пофалба, а тоа ги лути навивачите. Во последното коло од домашното првенство, Васко де Гама загуби убедливо со 4:0 на гостувањето кај Гремио и по 23 одиграни кола,остана само со 24 бодови, што е доволно за 17-тото место на табелата.
Моментната позиција на Васко де Гама значи испаѓање на тимот од Серија А, па тоа го вклучи алармот и кај навивачите, кои решија да упаднат на тренингот на своите миленици и да им „одржат лекција“. Атмосферата меѓу навивачите и дел од фудбалерите стана многу тензична, па добро е што не дојде и до некој поголем инцидент. Еден од најжестоките во одбрана на играчите на Васко де Гама беше тренерот Рикардо Са Пинто.
„Вака воопшто не им помагате на фудбалерите, ниту на клубот. Ова се фантастични играчи и јас сум одговорен за нив. Ако нешто не чини, јас сум тој што треба да си оди. Фудбалерите не се виновни. Има повеќе фактори за лошите резултати, а еден од нив е тоа што немавме среќа. Детали одлучуваат на мечевите. Смирете се и немојте да правите проблеми“, со жесток тон викаше тренерот Са Пинто.
Во последниве 20 години, Васко де Гама дури трипати испаѓаше од Серија А, а последен пат тоа се случи во 2015 година. Пред две години, тимот едвај се спаси од ново испаѓање, а и сегашната ситуација на табелата не е поволна за некогашниот бразилски гигант.
Torcida “Ira Jovem” foi cobrar o elenco vascaíno pelo desempenho ruim no campeonato Brasileiro até aqui.
Sá Pinto com seu temperamento forte chegou a bater boca de início, mas depois ouviu calado as críticas dos torcedores em questão.
*Continuação do vídeo nos comentários* pic.twitter.com/KV7XEiXSxM
— Wesley Curty ❼ (@wesley_curty) December 10, 2020