Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски и Лионел Меси се тројцата финалисти кои добиле најмногу гласови во изборот за „The Best“, најдобар фудбалер во 2020 година. Победникот ќе се прогласи на 17-ти декември на онлајн церемонија во Цирих.
Според сите најави, победник треба да биде Полјакот кој освои сè со Баерн Минхен, и притоа беше прв стрелец и во Лигата на шампионите и во Бундеслигата како најзначајни натпреварувања во кои учествуваше тој. Левандовски досега никогаш не бил најдобар на светот, за разлика од Меси и Роналдо.
Најдобар тренер ќе биде Јирген Клоп, Ханс Дитер Флик или Марсело Бјелса, а тројца финалисти во изборот за гол на годината се Кореецот Хеунг мин Сон (мајсторска соло акција и гол кој е најубав во Премиерлигата), Луис Суарес (супер атрактивен гол со пета) и Џорџијан Де Араскаета (гол со ножички од 16 метри) од Фламенго. Ќе се бираат и најдобар голман, најдобра фудбалерка, најдобра голманка, најдобар тренер во женски фудбал.