Далас и Дончиќ го добија подготвителното дерби против Јанис и Елените (видео)

Далас славеше со 112:102 во дербито против Милвоки бакс, најефикасниот тим од минатата сезона, во вториот ден од претсезоната во НБА лигата.

Двајцата најдобри кошаркари од Стариот Континент, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо, ги одмерија силите по четири месеци пауза, а Лука беше тој кој се радуваше на победа. Првата ѕвезда на Далас на паркетот се задржа околу 16 минути во кои забележа 13 поени и 4 асистенции, додека најкорискиот играч од минатата сезона во речиси 25 минути оствари дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 скока.

Во текот на ноќта се одиграа уште шест меча:

Шарлот 100:111 Торонто, Кливленд 107:104 Индијана, Сан Антонио 108:121 Оклахома, Минесота 105:107 Мемфис, Голден стејт 107:105 Денвер, Јута 119:105 Феникс.

 

- Оглас -

Најнови вести