Холандија е шокирана – Репрезентативец на Лалињата e затворен, прободел роднина со нож

Квинси Промес е притворен денеска и се уште се наоѓа во затвор со сериозно обвинение дека прободел со нож роднина на забава што семејството ја организирало во јули годинава.

Играчот на Ајакс вчера даде гол во победата на Копјаниците од 4:0 против Цволе, а денеска се најде зад решетки. Во јули на семејна забава дошло до расправија меѓу Квинси и негов роднина, а можело да заврши трагично. Репрезентативецот на Холандија е обвинет дека го нападнал и прободел со нож во ногата човекот што сепак за среќа на Промес преживеа.

Холандските медиуми објавија дека Квинси ќе остане зад решетки во наредните три дена. Промес има 48 настапи за холандската репрезентација, која ќе ни биде противник на Европското првенство идната година.

Ако биде обвинет на Промес му се заканува максимална казна од 4 години.

 

- Оглас -

Најнови вести