Швајцарецот Лусиен Фавр е сменет од кормилото во Борусија Дортмунд по дебаклот од 1:5 против Штутгарт и како привремено решение на тренерската позиција е именуван неговиот помошник Един Терзиќ.
Фавр пристигна во Борусија во мај 2018 година и успеа да освои смао една титула со популарните Милионери, со освојување на германскиот Суперкуп лани.
Терзиќ ќе биде само привремено решение, а од утре се очекува раководството на Борусија да тргне во потрага по нов тренер на 8-кратниот германски шампион.
Борусија утре ја очекува и ждрепката за нокау фазата во Лигата на шампионите и тоа во групата на носители.