Во Франција ПСЖ симнат од лидерското место, мајсторот за нерешено повторно освои бод

По некомлетното 14-то коло во француското првенство има нов лидер. Лил со 2:1 го победи Бордо и со тие три бода тимот го прескокна Пари Сен Жермен на челната позиција во шампионатот. Лил сега има 29 бода, еден повеќе од ПСЖ, кој вечерва на „Паркот на принцовите“ го чека дербито против Лион.

За Лил ова беше шеста победа во осмиот меч на домашен терен, а сите три погодоци беа постигнати во првите 45 минути. Бамба и Фонте погодија за домашниот тим, а единствениот гол за Бордо го даде Бејзик.

Во шпанската Примера дивисион, Вилјареал потврдува дека е тим кој најсигурно е да се игра на „икс“. Жолтата подморница на гостувањето кај Бетис одигра 1:1 и седми пат само по 13 кола одигра без победник. Пау Торес погоди за предност на Вилјареал, но Бетис со погодокот на Руибал Гарсија на почетокот на вториот дел стигна до 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести