Најпознатиот француски спортски весник „Л’Екип“, на својата интернет-страница правеше пренос во живо од ждрепката за Лигата на Европа, а некои љубители на фудбалот забележаа грешка. Покрај Динамо Загреб, стоеше српското, а не хрватското знаме. Ова ги налути Хрватите, додека Србите фаќаа сеир.
Вакви грешки имало и ќе има, но најчесто непознавањето на географијата и знамињата е поврзана со клубови и држави од источниот дел на Европа, тешко дека „Л’Екип“ или некој друг покрај француски или германски клуб би ставил англиско или шпанско знаме.
— Out Of Context Serbian Football (@ContextSerbianF) December 14, 2020