Нејмар избегна потешка повреда на глуждот од левата нога, но повеќе детали околу состојбата на Бразилецот ќе се знае во наредните 48 часа, потврдија од таборот на ПСЖ.
Медицинските прегледи донесоа позитивни вести, првите проценски се дека рехабилитацијата би траела околу три недели, иако според реакцијата на ѕвездата на Светците, се чинеше дека ќе му следува долга пауза.
Medical update https://t.co/VhT2HbBRGd
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) December 14, 2020
Со оглед на тоа дека повредата не е сериозна, може да се претпостави дека Нејмар би можел да игра во двомечот против Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.