Халанд е Златното момче за 2020 година според изборот на експертите, но не и за фановите

Ерлинг Халанд вчера ја доби наградата Златно момче за 2020 година, која ја доделува реномираниот италијанскит лист „Туторспорт“.

Норвешкиот голгетер на Милионерите го наследи Жоао Феликс, тој доби најмногу гласови од новинарите ширум светот кои гласаа во оваа категорија.

Сепак, според фудбалските фанови, Халанд изминатава година не беше најдобар млад играч. Тие најмногу гласови му дадоа на Ансу Фати, офанзивецот на Барселона, кој официјално заврши на второто место според гласовите на експертите.

Со игрите кои ги покажаа изминативе 12 месеци, и двајцата талентирани фудбалери заслужуваат да се најдат во овој избор, а треба да се напомене дека на трето место заврши Алфонсо Дејвис, младиот бек на европскиот првак Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести