Нејмар ќе игра следниот викенд?

Нејмар избегна потешка повреда во поразот од Лион, иако според неговата реакција, се чинеше дека најскапиот фудбалер во светот го чека подолга пауза. По медицинските прегледи е утврдено дека се работи за истегнување на лигаментите од левиот глужд, по што му беше одредена пауза од околу три недели.

Сепак, тренерот на Светците, Томас Тухел, изненади денеска на прес-конференцијата откако истакна дека Бразилецот би можелo да се врати во составот веќе претстојниот викенд, на гостувањето кај Лил, во мечот од 16-тото коло во Лига 1.

„Нејмар може да се врати во составот за натпреварот со Лил. Утре дополнително ќе биде прегледан, по што ќе знаеме повеќе околу неговата состојба“, кажа Тухел.

Доколку Нејмар успее дотогаш да закрепне, би пропуштил само еден натпревар, утрешниот против Лориен, што е добра вест за францускиот првак.

- Оглас -

Најнови вести