Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го постигна својот прв премиерлигашки гол во кариерата, со што придонесе Лидс да го порази Њукасл со 5-2. Нашиот лев бек погоди во 88-мата минута за 4-2, со што ги уништи надежите на гостите дека може да освојат бод.
За Лидс заврши серијата од два порази по ред. Вечерва победа од 2-0 извојува Евертон против Лестер, а Арсенал и Саутхемптон ремизираа 2-2.
Ова е голот на Алиоски кој беше проигран од Ернандес и не му беше тешко да ја затресе мрежата:
https://twitter.com/i/status/1339296258893209601