Дали знаете колку време помина од последниот гол на Македонец во Премиер лигата до вечерва?

Голот на Езџан Алиоски на натпреварот Лидс – Њукасл е на еден начин историски бидејќи за првпат во 21 век еден македонски фудбалер даде гол во англиската Премиер лига. Џани вечерва погоди против Чавките за потврда на победата на Лидс и со тоа заврши долгиот пост без гол на нашинци во Премиер лигата.

Пред голот на Алиоски, последен македонски погодок во најсилната англиска лига беше дело на Ѓорѓи Христов, и тоа во дресот на Барнсли против Лидс на „Иланд роуд“, истиот стадион на кој погоди и Алиоски.

Христов во сезоната 1997/98 даде четири гола, последниот на 4 април 1998 година. Оттогаш до денеска поминаа цели 22 години и 8 месеци, или 8.292 дена.

Во Премиер лигата имаат играно и Артим Шаќири, Горан Попов и Гоце Седлоски, но тие немаа дадено гол.

- Оглас -

Најнови вести