Гејлор Канга ќе мора да си замине од Црвена ѕвезда по инцидентот што го направи на аеродромот во Чешка, при гостувањето на „црвено-белите“ кај Либерец, на меч од Лигата на Европа.
Габонецот имаше чуден испад и се обиде да не им дозволи на цариниците да му го проверат куферот, а само големата толеранција на службите на аеродромот го спасија од казна.
Сепак, за него санкции ќе има, и тоа постфестум, а Дејан Станковиќ не толерира такво однесување, па одлучи да не го вклучи Канга во составот на Црвена ѕвезда за последните два меча.
Сега е сигурно дека Габонецот ќе мора и да си замине од Црвена ѕвезда и ќе пропушти да биде дел од спектаклот во двомечот со Милан, во нокаут-фазата во Лигата на Европа.