Со новиот договор, Јанис ќе заработува 193 долари на секунда!

Кога новиот договор на Јанис Адетокумбо со Милвоки бакс ќе стапи на сила од сезоната 2021/22, најкорисниот кошаркар во НБА-лигата ќе зема огромна плата, најголема во историјата на НБА. Адетокумбо за пет сезони ќе добие 228,2 милиони долари, а само за споредба, Дирк Новицки, кој е најефикасен европски играч во историјата на лигата и исто така беше МВП на сезона, за цела 21-годишна кариера заработи 255,3 милиони долари.

Договорот поделен во пет сезони значи дека Адетокумбо ќе зема годишна плата од 45,6 милиони долари. Тоа значи 556 илјади по натпревар, 139.000 долари за секоја четвртина, 11.600 за секоја минута и 193 долари за една секунда игра.

Позитивно е што Јанис, кој со родителите од Африка и браќата порасна во Атина во екстремна сиромаштија, не ја губи главата од толку пари. На денот на потписот не приреди никаква прослава, туку му купуваше скромни подароци на синот, имаше вечера со семејството и си легна порано затоа што утрото имаше тренинг.

„Ја прашав мајка ми дали сака да се преселиме од Милвоки и таа ми кажа не. Така таа ми олесна бидејќи и јас сакав да останеме, ова е мој дом, сакам децата тука да ми растат и ја донесов одлуката да продолжам со Бакс“, изјави Адетокумбо.

- Оглас -

Најнови вести