Симболот на НБА и маркантен лик од логото на Лигата е под истрага за мито

Џери Вест како советник и клубот Лос Анџелес клиперс се под истрага во НБА-лигата за мито од 2,5 милиони долари, што наводно ги понудиле и не му ги исплатиле на Џони Вилкс за ангажманот на Кавај Ленард во 2019 година.

Вилкс има поднесено и тужба до суд, а тврди дека Вест во име на Клиперс му понудил пари за да помогне во ангажманот на Ленард од Торонто репторс во тимот од Ел-Еј.

Што е уште поинтересно, да ги исплателе парите, веројатно случајот нема да бил откриен, но ако се докаже дека тужителот Вилкс е во право, ќе биде голем проблем и за Вест и за Клиперс бидејќи е забрането да се нудат пари за ангажман на играчи.

Вест е една од најмаркатните личности во историјата на НБА-лигата и неговиот лик е симбол на Лигата со неговата фигура на логото на најсилната кошаркарска лига на светот.

„Не сум запознат со тужба против мене. Немам направено ништо незаконско во врска со трансферот на Ленард во Лос Анџелес клиперс“, изјави Вест.

Целата приказна е неверојатна, а Вилкс тврди дека неговото познанство со вујкото на Кавај Ленард, Денис Робертсон, било клучно да го побараат од таборот на Клиперс преку Џери Вест и да му понудат 2,5 милиони долари како помош во ангажманот на сегашната прва ѕвезда на тимот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести