Бразилецот Вилијан ќе има куса епизода во Арсенал и популарните Топчии одлучија да го продадат само по четири месеци минати во клубот.
Вилијан потпиша тригодишен договор со клубот од Лондон откако си замина од Челзи и беше најголемото летно засилување за англискиот гигант, но може да испадне една од најголемите утки на актуелното раководство и на тренерот Микаел Артета.
Арсенал сака да го продаде Вилијан, сумата се движи околу 15 милиони евра, но голем проблем ќе биде платата на Бразилецот. Има годишни примања од 8 милиони евра, а засега, според англиските медиуми, интерес за ангажман на Вилијан има само од Евертон.
Причина за потегот на Арсенал е што Вилијан не ги исполни очекувањата, а и ги игнорираше препораките на клубот да не патува за Дубаи со бразилската репрезентација. Иако беше казнет од клубот, Артета му даде шанса да игра, но ефектот на Вилијан е скромен, а Арсенал е во голема криза и очигледен хаос кога е во прашање играчкиот кадар.