Серхио Перес во следната сезона ќе вози за Ред Бул

Серхио Перес, мексиканскиот пилот во Формула 1, ќе биде тимски колега на Макс Ферстапен во тимот Ред Бул во 2021 година, најави германскиот спортски сајт „Speedweek“, кој е дел од медиумското портфолио на австриската компанија за енергетски пијалоци. Официјалната потврда на трансферот се очекува во текот на денов.

Перес остана без место за следмата сезона откако неговиот досегашен тим Рејсинг Поинт избра да го донесе во совите редови четирикратниот шампион Себастијан Фетел.

Перес, кој во 2020 не возеше на две трки поради проблем со корона-вирусот, годинава ја заврши на четврто место во генералниот пласман, а во Ред Бул ќе биде на местото на Алекс Албон, кој беше седми. Албон ќе биде резервен пилот во Ред Бул и Алфа Таури.

- Оглас -

Најнови вести