Милан ги изненади сите и по првиот дел од сезоната покажа дека е главен конкурент за титулата во Серија А, меѓутоа на тренерот Стефано Пиоли потребни му се нови играчи за екипата да продолжи со добрите резултати во првенството.
Наводно, Милан е подготвен да го ангажира младиот Рики Пуиг од Барселона, играчот за врска на Каталонците кој оваа сезона речиси да не добива шанса од Роналд Куман. Росонерите нудат позајмица од 18 месеци со обврска да го откупат договорот на Пуиг за 13 милиони евра во летото 2022 година.
Пуиг би бил добро освежување во средниот ред, но исто така ќе наиде на голема конкуренција пред сè во Кеси, Бенасер и Тонали, со оглед на тоа дека досега одигра само четири натпревари за Барса, преселба на „Сан Сиро“ може да му биде вистински потег.