Јувентус го изостави Дибала за дуелот против Парма

Пауло Дибала нема да биде во составот на Јувентус за утрешниот дуел против Парма, а причина за тоа е повредата заработена на денешниот тренинг. Аргентинскиот голгетер се пожали на болки во мускулот и затоа не е на списокот на играчи кои ќе бидат за дуелот против Парма.

Освен Дибала, против Парма сигурно нема да настапат ниту Џорџо Кјелини, Мерих Демирел и Артур.

По 12 одиграни меча, Јувентус е трет на табелата со шест победи и шест нерешени без ниту еден пораз. Старата дама има четири бода помалку од лидерот Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести