Драматично финале на шкотскиот куп одиграа Селтик и Хартс и по три чина, гигантот го освои пехарот. Кристофер Ајер е јунакот на Селтик и тој го погоди последниот пенал за победа од 4:3 по ударите од белата точка.
Почетокот на финалниот меч не навестуваше драма и Селтик поведе со 2:0 по половина час игра со головите на Кристи и на Едвардс.
Второлигашот Хартс потоа тргна на се, или ништо и успеа да израмни со головите на Бојс и на Кингсли во второто полувреме.
И во продолженијата од по 15 минути повтотно Селтик прв погоди, па Хартс израмни и следеше возбудлива серијаод по пет пенали, што му припадна на гигантот на шкотскиот фудбал.