Румениге: Ако Пош го плукнеше Турам, пак ќе се отвореше дебата за расизам

Претседателот на Извршниот борд на Баерн Минхен, германската фудбалска легенда Карл-Хајнц Румениге, даде изјава која во некои кругови ќе се толкува како расизам. Румениге на германската телевизија го коментираше плукањето на Маркус Турам во лицето на Штефан Пош, по кое Французинот беше исклучен и чека казна.

„Турам се брани, се извини, рече дека било случајно, но сигурно нема да избегне огромна казна. Јас се прашувам нешто друго. Што ќе се случеше ако ситуацијата беше обратна и Пош го плукнеше Турам? Тогаш веројатно ќе имавме уште една дебата за расизам“, рече Румениге, а неговите зборови предизвикаа силни реакции и поделени мислења од тоа дека е во право, до тоа дека и тој е расист.

- Оглас -

Најнови вести