Екипите на Лил и ПСЖ одиграа меч без голови, а најзаслужен што првакот остана непоразен е Преснел Кимпембе, кој во 78-мата минута, со еден од најдобрите дефанзивни потези кои се видени сезонава во светот, спречи водство на противникот.
Лил беше во контранапад дури со четворица играчи кои се најдоа на 25 метри од голот на Кејлор Навас, но тогаш со неверојатен лизгачки старт, се појави пожртвуваниот Кимпембе и го запре налетот на Бурак Јилмаз. Ова беше златна шанса за лидерот на француската Лига 1 бидејќи синоќа имаа само 30 проценти посед на топката против ПСЖ.
При овој старт, Кимпембе се повреди, па мораше да ја напушти играта, но спречи водство на тимот и фановите на ПСЖ тоа многу ќе го ценат. Погледнете го стартот на Кимпембе: