Ренато Санчес во јануарскиот преоден рок треба да го засили англискиот гигант Ливерпул. Според најавите, португалскиот репрезентативец кој сега го носи дресот на францускиот Лил, ќе направи трансфер на „Енфилд роуд“, и тоа само за 20 милиони евра.
Санчес во Лил пристигна минатата година од редовите на Баерн Минхен, каде што беше доведен како голема надеж од редовите на Бенфика. Сепак, 23-годишниот напаѓач засега не ги исполнува очекувањата, но во Ливерпул очигледно дека веруваат во квалитетите на Санчес.
Португалецот веќе има искуство во Премиер лигата откако играше како позајмен играч во тимот на Свонси. За Лебедите одигра 12 меча, а потоа се повреди и немаше шанса да остави поголем впечаток во англиското првенство.