Ван Дајк брзо закрепнува, ќе игра против Македонија на 21 јуни

Вирџил ван Дајк ги израдува навивачите на Ливерпул со видеоматеријалот што го објави денеска на својот профил на „Инстаграм“.

Стоперот и столб на одбраната на англискиот шампион почна со полесни тренинзи со топка, што им дава надеж на сите во таборот на Ливерпул дека сепак ќе се врати на терен во актуелната сезона.

Ван Дајк тешко го повреди коленото на ливерпулското дерби со Евертон на 17 октомври, кога се судри со голманот на Карамелите, Џордан Пикфорд.

Најавено беше дека нема да игра до крајот на сезоната, со што му беше загрозен и настапот на Европското првенство, што ќе се игра и следната година од 11 јуни до 11. јули.

Холандија е во група со Македонија на ЕП и ќе ни биде домаќин на 21 јуни во Амстердам, веројатно со Ван Дајк во составот.

 

- Оглас -

Најнови вести