Жезус Фернадес Сусо постигна победнички еврогол за Севилја во 81-вата минута со кој тимот од Андалузија ја победи Валенсија на празната „Месталја“.
Во меч на шпанските мајстори за меѓусебни дуели со малку голови и овојпат традицијата продолжи, па еден гол го одлучи победникот.
Сусо ја искористи опасната контра во финишот на мечот и со прекрасен и прецизен удар ѝ донесе победа на Севилја.
https://twitter.com/cokgizliforvet/status/1341446576720494601?s=20
Последните шест меча меѓу овие две екипи завршија со најмногу два гола, а и вечерва традицијата продолжи.
Севилја конечно успеа да победи на храмот на Валенсија, на „Месталја“ по цели 8 години. Последниот триумф им беше во 2012 година со резултат 1:2.
Во вториот меч што се играше од 17.30 часот во рамките на 15-тото коло во Ла Лига, Елче и Осасуна ремизираа 2:2. Гостите двапати водеа со головите на Гарсија и на Брашанац, но Елче се спаси од пораз со погодоците на Фидел и Карилјо.