Каков скандал: Барселона го остави играчот на аеродром како казна затоа што преговарал со Реал Мадрид

Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Ефес Пилсен со 86:79 во меч од 16-тото коло на кошаркарската Евролига, но тоа не беа најлошите вести за челниците на каталонскиот гигант. Непосредно по завршување на дуелот, се прошириле информации дека нивниот играч Томас Ертел тајно преговарал за трансфер во Реал Мадрид.

Откако се дознало тоа, на Ертел не му било дозволено синоќа да се качи во авионот заедно со останатите соиграчи, па кошаркарот едноставно бил оставен на аеродромот во Истанбул.

Барселона планираше да го даде францускиот плејмејкер во тимот на Фенербахче, но Ертел „зад грбот“ на својот клуб, а со посредство на менаџерската агенција на Мишко Ражњатовиќ воделе договори за трансфер во Реал Мадрид, тимот кој е најголем ривал на Барселона.

Каталонците планирале да го исплатат целиот договор на Ертел, а потоа тој да замине во Фенербахче, додека од Истанбул кон Барселона требало да се пресели Лео Вестерман. Сепак, Ертел имал некаков друг план, план поради кој синоќа беше оставен на аеродромот во Истанбул.

 

- Оглас -

Најнови вести