Една од најголемите ѕвезди во Формула 1, пилотот на Ред Бул Макс Ферстапен по повод 23-тиот роденден толку многу се напи, што се мачеше да си ја отклучи влезната врата од домот во Монте Карло. На Макс роденден му е 30 септември, а снимката од пијаниот Ф1 возач се појави во документарен филм на холандската телевизија Зиго.
Ферстапен е еден од најдобрите и најталентирани пилоти во Формула 1, но тој е млад, па има и своја не толку сериозна и професионална страна. Макс беше „камен пијан“, одвај ја отклучи вратата од станот, но бидејќи стануваше збор за роденденска прослава, простено му е.
Ова е забавната снимка која го насмеа светот, особено љубителите на Формула 1:
Drunk Max Verstappen trying to enter his house in Monaco pic.twitter.com/157QtE6EQw
— SportsMoments4All (@SportMoments4Al) December 20, 2020