Косово уште ќе се засилува – Прв на ред е Домѓони од Цирих

Косово уште ќе се засилува, а амбициите не се кријат, да се победи Македонија на гостински терен во полуфиналниот меч во март 2020 година во Сегментот Д од Лигата на нациите.

„Се надеваме дека ќе успееме да ги убедиме помладите фудбалери кои се родени на Косово, а играат за странски клубови да прифатат да настапуваа за нашата репрезентација. Има многу таленти и секој таков фудбалер ќе биде голем плус за Косово во обидот да се оствари историски пласман на Европско првенство“, пренесуваат косовските медиуми.

Прв на ред за камбек во Косово е играчот на Цирих, Тони Домѓони, кој настапува за швајцарската репрезентација за играчи до 19 години.

Тој сè уште не ја прифатил поканата на Фудбалската федерација на Косово да настапува за сениорскиот тим на оваа земја, но постои можност Домѓони да игра против нас во март 2020 година, во полуфиналето кое најверојатно ќе се игра во Скопје или во Струмица.

- Оглас -

Најнови вести