Аларм на „црвено“ во ПСЖ: Нејмар и Мбапе нема да играат против Ливерпул

Паузата за репрезентативни настапи може да се покаже кобна за Пари Сен Жермен. Францускиот првак само во неколку часа доби две многу лоши вести. Во настапите за Бразил и Франција се повредија Нејмар и Килијан Мбапе. Сите кај „светците“ беа во исчекување додека се вратат фудбалерите, па клупскиот лекар да утврди колку се сериозни повредите.

Вестите не се баш најдобри. Повредата на Нејмар е помалку сериозна и има повреда на препоните, додека Мбапе се жали на болки во рамото. Ако се потврди фактот дека двајцата ќе мора да паузираат во следните 10-тина дена, тоа ќе значи дека ПСЖ нема да може да смета на двете најголеми ѕвезди за еден од најважните мечеви во досегашниот дел од сезоната, тој против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Доколку ПСЖ загуби од Ливерпул во овој дуел, „светците“ речиси сигурно ќе бидат елиминирани уште во групната фаза од елитното европско натпреварување. Тој меч ќе се игра на 28-ми овој месец во Париз.

 

 

- Оглас -

Најнови вести