Еден од најпопуларните борци на денешницата, Конор Мекгрегор, може да биде среќен што во својот син веројатно доби наследник во октагонот. Конор Џек џуниор има само три години, но веќе покажува желба да го наследи татко му.
Додека сите гледаа анимиран филм, малдиот Џек се тргна на страна да вежба удари во малата вреќа и го покажа својот талент. Во успешна серија од неколку удари, Конор беше импресиониран и му даде дополнителна поддршка.
Ова е најава дека во иднина може да гледаме нов Конор Мекгрегор во октагоните на УФЦ.
Инаку, Ирецот на 23 јануари ќе го оствари официјалниот камбек во УФЦ во закажаната борба против Дастин Поирие.
https://twitter.com/SpinninBackfist/status/1342989358580834305