Бутел го прегази Металург во големото ракометно дерби

Ракометарите на Бутел приредија изненадување во дербито на последното коло во 2020 година и убедливо го победија лидерот Металург со 31:23 на гостински терен.

Победникот на мечот беше решен по првото полувреме, што го добија гостите со 17:12, а разликата растеше и во второто полувреме за голема победа на Бутел со 8 голови.

Ова беше втор меч сезонава во Суперлигата на Македонија меѓу двете екипи, а интересно е тоа што и Металург и Бутел победуваа на гостински терен.

Првиот меч на 16 декември го добија Металурзите со 20:19, а сега Бутел се реваншираше, и тоа на убедлив начин.

И покрај поразот, Металург остана лидер на табелата во Б групата со 27 бода, два повеќе од Бутел и пет повеќе од втората екипа на Еурофарм Пелистер.

Овие три екипи ќе им се приклучат на трите најдобропласирани екипи од А групата, Охрид, Пролет и Струга, и заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат за титулата во плејофот во најсилната македонска ракометна лига.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести