Барселона си ги разубави празниците со најубавата можна победа, на Ел Класико против вечниот ривал Реал Мадрид, и тоа на гостински терен.
Каталонците беа подобри кога најмногу требаше, во последната четвртина што ја добија со 22:17 и победија со 87:82.
Никола Миротиќ беше убедливо најефикасен на мечот со 26 поени и имаше клучна блокада во последниот напад на Реал Мадрид при четири поени разлика за неговата екипа.
Реал се обиде да направи голем пресврт, имаше серија од 8:0 во финишот, но немаше сили за да ја анулира комплетно двоцифрената разлика на ривалот во последната четвртина.
По овој пораз, нема веќе непоразени екипи во шпанското првенство, а Реал останува лидер со 28 бода по 16 кола, пред Тенерифе и Барселона со по 26 и Басконија со 24 бода.