Давид Кубацки, ланскиот шампион на новогодишната турнеа „Четири скокалници“, има позитивен наод на ковид-19 и утре нема да го почне новото натпреварување во Оберстдорф.
И останатите членови на полскиот тим имаат позитивни тестови, па ќе отсуствуваат на стартот од новиот циклус на познатото натпреварување во ски-скокови.
Што е уште полошо за Полјаците, особено за Кубацки, кој беше еден од фаворитите за нов пехар на „Четирите скокалници“, неизвесно е дали тој ќе учествува и на втората скокалница на 1 јануари во Гармиш Партенкирхен.
За тоа ќе му треба негативен тест на 24 часа пред почетокот на натпреварувањето. Трета по ред на новогодишната турнеа е скокалницата во Инсбрук на 3. јануари, а натпреварувањето стандардно ќе заврши во Бишофсхофен на 6. јануари.
Лани, Кубацки победи со комбинација на едно прво место во Бишофсхофен, а еднаш беше втор и двапати трет на останатите три скокалници што му беше доволно за конечен триумф со вкупно 1131,6 поени.
Со тоа стана само третиот Полјак кој успеал да ја освои популарната турнеја, по Адам Малиш и Камил Штох.