Хакан Арслан сакаше да биде во улога на ВАР-системот, со мобилен телефон му покажуваше на судијата Кардеслер дека погрешил при една спорна ситуација на дуелот меѓу Бешикташ и Сиваспор, но доби казна, иако јасно е дека арбитрите погрешија.
Кардеслер прво му покажа жолт картон, по што капитенот на Сиваспор збесна, па доби уште една опомена и црвен картон.
Sivasspor player Hakan Arslan received a red card for showing his cellphone to the referee. https://t.co/wbC5WTO4Pd
— FOOTBALLFANSSTUFF (@officialffsnews) December 28, 2020
Арслан потоа се упати кон соблекувалната шутирајќи сè пред себе, па сигурно ќе добие и дополнителна казна од раководството на Првата турска лига.
Бешикташ победи убедливо со 3:0 со головите на Јалчин во првото полувреме и на Ларин и Озјакуп во последните 10 минути од мечот.