Штета: Златан ќе го пропушти дербито против Јувентус

Милан на 3 јануари им се враќа на обврските во Серија А со гостување кај Беневенто, а три дена подоцна Росонерите ќе го пречекаат шампионот Јувентус во дербито од 16-тото коло.

За тој дуел, Стефано Пиоли нема да смета на повредениот Златан Ибрахимовиќ, кој веќе извесен период е надвор од терените. Швеѓанецот утре треба да пристигне во клупскиот тренинг-комплекс, каде што ќе му бидат изврешни нови детални прегледи, меѓутоа прогнозите засега не се опстимистични.

Големи се шансите за Ибрахимовиќ да се врати во составот на Милан за мечот против Калјари на 18 јануари.

Инаку, колку Златан е важен за седумкратниот европски првак, говори неговиот учинок во дербијата против Интер и Наполи кои Милан ги доби, а Ибрахимовиќ во нив беше двоен стрелец.

По 14 кола во Калчо лигата, Милан е лидер со 34 бода, додека Јувентус е на шестото место со 10 бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести