Хувентуд со 2:1 славеше против Понте Прета во меч од 32-рото коло на бразилската Серија Б. Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а први се израдуваа гостите, кои поведоа во 51-вата минута. Само 60 секунди подоцна, Хувентуд израмни, и тоа со фантастичен погодок на Роџерио.
Играчот на Хувентуд доби топка и од околу 20 метри успеа да погоди со „ножички“, и тоа со противнички играч покрај себе. Тој гол на Роџерио беше најава за пресврт, па домаќините со уште еден гол на 15 минути пред крајот стигнаа до 2:1 и победа.