Ултиматум за ѕвездата на Јувентус: Или нов договор или ќе го продадат

Челниците на Јувентус му поставија ултиматум на Пауло Дибала, кој во наредниот период ќе мора да донесе одлука дали ќе остане во италијанскиот првак или ќе мора да си бара нова средина. Аргентинскиот голгетер има договор кој му трае до јуни 2022 година, па првите луѓе на Старата дама сакаат да бидат сигурни дека фудбалерот планира долгорочна соработка со клубот.

Доколку Дибала не прифати да потпише нов четиригодишен договор, Аргентинецот треба да биде подготвен за продавање најдоцна во летниот преоден рок. Проблем околу потпишувањето на новиот договор е платата на Дибала. Аргентинецот моментално заработува седум милиони евра, а Јувентус е подготвен да му даде договор од 10 милиони евра по сезона со што ќе биде еден од најплатените во тимот.

Сепак, Дибала бара уште поголема плата, а од Јувентус најавуваат дека 10 милиони евра е нивниот лимит за Дибала. Токму затоа Дибала доби ултиматум „земи или оди си“, па сега се чека одоговорот на фудбалерот. Тотенхем и Манчестер јунајтед се интересираа за Дибала, а без сомнеж во Англија платата на ѕвездата на Јувентус ќе му биде поголема, па нема да биде чудо ако тој замине во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести